Ye8E4-2019-10-14t114417z-1457803037-rc1dbdf30e30-rtrmadp-3-britain-eu-parliament.jpg

Здружението за заштита на животни “ПЕТА” во вторникот ја поздравила одлуката на британската кралица Елизабета да престане да носи вистинско крзно.

Долгогодишната стилистка на кралицата, Ангела Кели, ја открила намерата на Елизабета во својата книга “The other Side of the Coin: The Queen, the Dresser and the Wardrobe”.

“Одлуката на кралицата е во согласност со бројните напредни купувачи, компании и народи кои сфаќаат дека вештачките крзна се подобри за околината и со тоа се заштитуваат животните од ужасниот живот и крвавата, болна смрт”, соопштила “ПЕТА”.

“Следниот чекор е кралските стражари да престанат да парадираат во шубари од крзно од мечки, убиени во Канада”, додале од здружението.

“PETA” проценува дека годишно се убиваат околу 100 милиони животни поради нивното крзно.

Според британското издание на списанието “Vogue”, Кели напишала: “Ако нејзиното величество присуствува на некој настан на голем студ, од 2019 година па натаму, таа ќе се грее со помош на вештачко крзно”.

93-годишната Елизабета, минатата година заедно со Дејвид Атенбороу, славен британски автор на документарни филмови за земјата, учествувала во документарен филм на “ITV” во кој изјавила дека “се залага за позелена планета”.

Медиумите претходно известиле дека кралското семејство минатата година престанало да користи пластични сламки и пластични шишиња во своите бројни резиденции.

извор: точка.мк

 

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail