napping-at-work.jpg

Businesswoman sleeping with sticky notes on eyes at desk in office

Што можете да направите која сте на попладневен состанок и не можете да ги држите очите отворени и само сакате да ја потпрете главата на стол? Најголем дел од луѓето редовно посегнуваат по чашата со кафе, но истражувањата покажуваат дека постои нешто поефикасно за да ги одржите моторичките функции и да можете да внимавате – дремењето.

Научниците и понатаму не знаат зошто им е потребен сон на луѓето, но постојат неколку теории. Изгледа дека „пластичноста“ на мозокот, која е заслужна за учењето, се подобрува во текот на спиењето, а недостигот од сон го ограничува функционирањето на мозокот. Вашето тело исто така се опоравува во текот на спиењето, а истражувањата покажуваат дека имунолошкиот систем ги обновува т.н. Т-клетки, па затоа можете да се разболите ако не спиете доволно.

Краткото дремење го ублажува претераниот замор во текот на денот и овозможува подобро да функционираме остатокот од денот. Најдобриот начин и времето колку треба да дремнеме е индивидуално, но клиниката Мајо препорачува да се дреме од 10 до 30 минути за да не се чувствувате уште поуморни после спиењето.

Најтешкото прашање за сите е каде, барем на кратко, можете да дремнете на работа. Ако работите од дома или во сопствена канцеларија, тогаш е лесно, но за жал сите ја немаат таа среќа. Ако работите на отворено место и со други вработени, тешко е да пронајдете место за кратка дремка, особено затоа што ризикувате да ве начека работодавецот. Но, добрата вест е дека работодавците почнуваат да го применуваат ресторативниот потенцијал во своите компании и некои градат посебни соби за одмор за своите вработени.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail