Краткиот филм „Збогум“ добитник на главната награда на 46. ДФНФ

zbogummmm-1.gif

Краткиот филм „Збогум“ е добитник на главната награда на 46-тиот Државен натпревар за непрофесионален филм (ДФНФ).

Филмот, исто така, ги освои сите авторски награди за најдобра режија, сценарио, музика, монтажа и камера.

„Збогум“ пред неколку месеци освои прво место на интернационалниот натпревар „FilmConvert Competition“, а беше номиниран за две награди на интернационалниот натпревар „MyRodeReel“.

Авторите на филмот најавуваат дека веќе работат на нов краток филм, трилер со научно фантастична тематика, со помош на практични и визуелни ефекти.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail