Креаторот на роботот Софија тврди дека до 2045 година луѓето ќе се венчаваат со роботи

sophia-robot.jpg

Водечкиот роботичар на денешницата, Дејвид Хенсен, креатор на најнапредниот хуманоиден робот Софија, тврди дека до 2045 година хуманоидните роботи ќе имаат исти права како луѓето, вклучувајќи го и правото да се венчаваат со луѓе или со други хуманоидни роботи

Доктор Хенсен верува дека до 2029 година вештачката интелигенција на роботите ќе го достигне нивото на развој на едногодишно дете, пишува DailyMail. Тоа ќе ги отвори вратите за роботите да навлезат во воените и други итни служби само две години подоцна, а една деценија потоа роботите ќе имаат целосни права.

Хенсон, чија лабораторија Hanson Robotics со седиште во Хонгконг стои зад многу импресивни роботски креации, овие тврдења ги изнесе во својата студија насловена „Влез во ерата на живи интелигентни системи и роботско општество“ (Entering The Age of Living Intelligent Systems and Android Society). Во оваа студија тој предлага развојот на роботите да означи почеток на нова ера во развојот на човечкото општество каде што хуманоидните роботи ќе имаат право на склопување брак, на гласање и на купување имот.

Иако законски ќе ги имаат сите права, сепак роботите ќе бидат третирани како граѓани од втора класа. „Креаторите на закони и корпорациите во блиска иднина ќе се обидат со легална и етичка супресија на емоционалната зрелост на машините да им помогнат на луѓето да се чувствуваат побезбедно“ објаснува Хенсон.

Еве го редоследот на настаните кои тој ги очекува. До 2035 година хуманоидните роботи ќе можат да прават се подобро од луѓето. Новите генерации роботи ќе можат да полагаат тестови на универзитет, да добиваат факултетски дипломи и да функционираат со интелигенција на 18-годишен човек.Така тие ќе го започнат она што Хенсон го нарекува Глобално роботско движење за граѓански права (Global Robotic Civil Rights Movement).

Сепак, се до 2045 година ова движење нема да може да го натера западниот свет да ги признае хуманоидните роботи како живи суштества, а САД ќе биде првата земја во светот која ќе им даде целосни граѓански права. Хенсон досега има направено околу 20 роботи и верува дека вештачката интелигенција може да воспостави подобра конекција со луѓето доколку има човечки лик.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top