Крвта од гуштер е клуч за нов антибиотик

gusterrr.jpeg

Крвта од комодски варан содржи важно хемиско соединение, кое по мислење на американските научници може да се искористи во процесот на исцелување на инфицирани рани. Затоа одлучиле да создадат синтетичко соединение, чија база на молекули е содржана во крвта од овој гуштер, а поседува и ефективни антибактериски својства, пишува BBC.

Познато е дека плунката од овој голем гуштер, кој живее во областите на пет индонезиски острови, содржи бројни видови на бактерии кои не му штетат на неговиот организам.

Научниците од Универзитетот во Вирџинија, Џорџ Мејсон, успеале да создадат синтетичко соединение чија база на молекули е содржана во крвта на гуштерот, а важно е и дека поседува антибактериски својства.

Ефективноста ја откриле додека лекувале инфицирани рани кај лабораториски глувци. Тврдат дека станува збор за протеин кој во иднина може да се развие во доста ефикасен антибиотик.

Веруваат дека нивното најново откритие е чекор напред во напорите да се пронајдат нови неопходно потребни антибиотици за лекување на опасни мултирезистентни патогени бактерии.

Во задниот дел на усната шуплина на комодскиот варан се наоѓаат повеќе од 80 бактериски соеви. Некои од нив кај пленот предизвикуваат труење на крвта или сепса, но на самите нив овие бактерии не им штетат, што значи дека на нив се имуни.

Научниците, од хистонски протеин H1произвеле синтетички пептид и го нарекле DRGN-1. Го примениле на лекување кај рани од глувци инфицирани со два бактериски соеви, познати како супербактерии – Pseudomonasom aeruginosom и Staphylococcusom aureusom или MRSA.

Споменатите две бактерии се тешки за да се искоренат, бидејќи имаат развиено специфична отпорност на сите познати антибиотици создавајќи колонии во облик на ланец или грозд, со што стануваат резистентни на антибиотици од само еден бактериски вид.

Лидерот на студијата Моник Вак Хоек, вели дека истражувањето покажало дека пептидот DRGN-1 двоструко помогнал во зацелување на рани кај глувци – со своето антибактериско својство, но и со поттикнување на миграција на кожните клетки, што на крајот резултирало со зараснување на раната.

Иако студијата е спроведена врз лабораториски глувци, и само на два бактериски вида, американските истражувачи веруваат дека во иднина ќе се докаже ефективноста на оваа крв, особено кога станува збор за супербактерии.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail