Кубанска група издава албум во Македонија

kubanska-grupa.jpg

„Јасмин у су беле беле“ е бенд од тројца Кубанци и еден Македонец што решија да издадат албум во Македонија, кој официјално ќе биде објавен во почетокот на наредниот месец.

Инспирацијата што ја добиваат од Македонија, ја заокружуваат со албум, кој е комплетно создаден и продуциран во Македонија. Албумот го сочинуваат 12 песни, а официјалната најава на истиот тој ја почнува песната „Te exraño amor“ или „Ми недостигаш љубов“, за која е изработен и музички спот.

Тоа е приказна за меланхолијата и копнежот кон своите најблиски.

– Македонија е нација во која семејството и пријателите имаат многу важна улога во општеството, и без разлика каде и да е лоциран географски еден Македонец, тој секогаш ќе се залага за својата земја. Оваа песна, исто така е начин како да им кажеме на нашите во Куба дека ни недостигаат и дека секогаш ќе бидат дел од нас – изјави Јасмина Лопез.

Нивниот пат почнува пред 11 години кога почнуваат да создаваат музика што е мешавина на неколку стила – латино комбинирано со различни ритми на регетон, реге, меренге, аренби и кизомба, што денес е дел од светската музичка сцена.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top