ООН објави дека трговијата со робје во Либија добила такви размери што во градот Сабха луѓе се продаваат отворено, на јавни лицитации.
За само 200 долари во стратешки важниот град Сабха во централна Либија може да се купи – роб!
Пред два месеца ООН објави дека трговијата со робје во Либија добила такви размери што во овој град луѓе се продаваат отворено, на јавни лицитации, пренесува српскиот портал Курир.
Станува збор за град кој пред војната имал 100.000 жители. Тоа е стратешки важна оаза среде пустината, главна крстосница на сахарските патишта од исток кон запад и од југ кон север.
Минатата година половина од 180.000 мигранти што влегле во Либија поминале низ овој град. Од таму да се стаса до Триполи се потребни 365 долари. Но, голем дел од мигрантите завршуваат како робови, по цена од 200 долари по глава.