mon.jpg

Секоја академска година Факултетот за спорт при Универзитетот во Лајпциг, со поддршка на Сојузното министерство за надворешни работи, организира меѓународни курсеви за професори и тренери по физичка култура во траење од 5 месеци. Видот на курсевите се менува секоја година, а во 2020 година се нудат курсеви за тренери во областите: одбојка, атлетика, фудбал и спорт на лица со посебни потреби.

Сите потребни информации, услови и документите за апликација може да се најдат на следниот линк: www.itk.uni-leipzig.de.
Апликацијата се доставува на адресата на Амбасадата на СР Германија во Скопје најдоцна до 10 август 2019 година, која проверува дали документите се комплетни и ги доставува до Универзитетот Лајпциг.
Германска амбасада Скопје
ул.„ Леринска“ , бр. 59, 1000 Скопје
Оддел за култура и образование
Службеничка: Хајке Јовeски
Лок. тел. +389 2 309 38 49
E-mail: [email protected]
www.skopje.diplo.de

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail