„Лајт“ цигарите посебно опасни по здравјето

cigara-701x395.jpg

Популарните „лајт“ цигари се посебно опасни бидејќи предизвикуваат еден од најагресивните облици на рак на белите дробови – аденокарцином, тврдат американските научници.

Таканаречените „лајт“ цигари се разликуваат од обичните по тоа што во нивниот филтер има помали дупчиња кои придонесуваат, како што тврдат производителите, за прочистување на чадот од катранот, никотинот и другите канцерогени материи пред влезот во белите дробови.

Низ тие отвори, според идејата на производителите, во чадот од тутунот влегува свеж воздух што го „разводенува“ и го прави помалку опасен.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail