Ламберто Заниер: Продолжува поддршката за Универзитетот на Југоисточна Европа

picture1579.png

Високиот комесар за национални малцинства Ламберто Заниер денес го посети Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово. Тој оствари средба со ректорот проф.д-р Замир Дика и со членовите од раководството на УЈИЕ.

 

Ректорот Дика го информираше високиот комесар Заниер за тековните развојни трендови на Универзитетот и за општата состојба со високото образование во Македонија.

„Нашиов Универзитет и понатаму е посветен на промовирање на мисијата за унапредување на образованието на албански јазик, како и за создавање услови и поттикнување на студентите да студираат на англиски јазик. Мултиетничкиот и мултикултурниот пристап останува приоритет во развојната стратегија на Универзитетот. Трендовите на упис покажуваат значително зголемување на бројот на студенти кои сакаат да студираат на англиски јазик. Оваа компонента и обезбедувањето квалитет во наставата направија нашиот Универзитет да се истакнува како посебен модел на високото образование не само во Македонија туку и во регионов.“ истакна ректорот Дика. Тој ја поздрави заложбата на ОБСЕ во сите фази на одржливата развојна стратегија на Универзитетот.

Високиот комесар Заниер рече дека во тек на неговата посета во Македонија, клучна точка на интерес во сите средби кои ги реализирал било образованието и проблемите со кои се соочува оваа област значајна за општеството.

„Ние сме подготвени да го поддржиме УЈИЕ во напорите кон регионално проширување и кон развој“, истакна Заниер.

Ректорот Дика, заедно со другите членови од раководството на УЈИЕ, високиот комесар и неговиот тим го обиколија Кампусот на Универзитетот, при што беа запознаени со најновиот развој на Технолошкиот парк, Институтот „Макс ван дер Штул“ и библиотеката на Универзитетот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top