Лаурент има 9 години, до крајот на годината ќе дипломира и ќе запише докторат

191114075747-01-laurent-simons-2018-exlarge-169.jpg

Деветгодишниот Лаурент Симонс од Белгија студира електротехника и во декември планира да дипломира на Технолошкиот универзитет.

По дипломирањето, Лаурент планира да запише докторски студии на технолошкиот факултет, а истовремено ќе студира медицина, вели неговиот татко Александар. Талентот на детето прво го заблежале неговите баба и дедо, а родителите мислеле дека претеруваат, но набргу се согласиле.

Лаурент доаѓа од докторско семејство, но и понатаму нема објаснување од каде има толку талент. Универзитетот му дозволил да ги заврши студиите порано од останатите студенти.

Сјоерд од Универзитет вели дека Лаурент е „едноставно изворедан“.

„Лаурент е најбрзиот студент кој го имаме. Не само да е хиперинтелигентен туку е и многу сочувствувтелен“.

Неговиот талент не е незабележителен и го бараат угледни универзитети од целиот свет.

Неговите родители внимаваат Лаурент освен време за учење да има и време за игри.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail