Лажните дипломи причина за отказите на професорите

diplomi-hrvtaska-1-696x392.jpg

Во последните два месеца од хрватските училишта заминале 222 професори повеќе во споредба со истиот период лани, а како една од причините за зголемениот одлив на наставниот кадар се наведува и најновата одлука на Министерството за образование за проверка на дипломите за завршено образование, објави „Јутарњи лист“.

Во акцијата што е спроведена од ресорното министерство досега беа откриени 13 случаи на лажни дипломи. Претставникот на синдикатот за образование Жељко Стипиќ смета дека заминувањето на некои професори е да ја избегнат контролата на дипломите за да заминат чисти.

– Директорите на некои училишта ми пренесоа информации што не се подготвени да ги споделат со јавноста. Некои од професорите заминаа пред да пристигнат извештаите од контролите за да се спасат од јавниот линч – изјави Стипиќ.

Според податоците на Министерството за образование на Хрватска, во јануари годинава имало 146 прекини на работен однос повеќе во споредба со истиот месец лани. Во јануари 2018 година работата ја напуштиле 220 професори.

Минатата година во февруари имало 119 откази, а истиот месец годинава има 275. Во првите два месеца од 2018 година имало вкупно 419 откази, а годинава во истиот период 641 или 222 прекини на работен однос повеќе, пишува „Јутарњи лист“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail