Лебед запре 20 возови во Германија

Lebed-zapre-20-vozovi-vo-Germanija.jpg

Лебед запре 20 возови во Германија

Лебед, кој останал без придружник, минатата седмица предизвика застој на 20-тина возови во централна Германија, речиси еден час, на линијата меѓу Касел и Гетинген, објави германската полиција.

Имено, птицата не сакала да се тргне од шините, каде што лежел другиот, угинат лебед, којшто најверојатно бил усмртен од електрични кабли. Железничкиот сообраќај продолжил откога пожарникарите успеале да ги оттргнат лебедите од шините.

Полицијата вчера ги објави деталите за настанот од 23 декември.

Лебедите живеат во двојки и се обидуваат да останат заедно цел живот.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail