lk.jpg

Тим истражувачи од универзитетот Ланкестер во Велика Британија откриле дека еден лек наменет за третман на тип 2 дијабетес можеби ќе биде клучен во борбата против губењето на меморија кај оние со Алцхајмерова болест.

Лекот е троен рецептор кој ги комбинира факторите на растење GLP-1, GIP и Глукагон за да го заштити мозокот од дегенерација. Истражувачите го тестирале врз глувци со мутирани гени кои ја предизвикуваат болеста кај луѓето и кои се одговорни за наследната варијација на оваа болест.

Било забележано дека кај глувците третирани со лекот против дијабетес имале подобрена меморија и чувство за насочување во лавиринтите во кои биле тестирани. Лекот не само што го заштитувал мозокот, туку и ги елиминирал дел од оштетувањата на амилоидните наслаги кои прогресивно ги убиваат невроните кај пациентите со Алцхајмеровата болест.

Првите клинички тестирања покажале дека и кај луѓето ефектите се исти, што е исклучително добра вест.

Биле тестирани неколку лекови против дијабетес, но не сите покажале вакви заштитни ефекти, како на пример Метформинот.

Штом втората фаза на тестирање се заврши, ќе следи потенцијална трета фаза врз луѓето, која доколку е успешна може да доведе до лиценцирање на состојката како третман за Алцхајмеровата болест, што би значело дека тоа може да се случи за 3 до 5 години.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail