Ленче Здравкин и Омер Калеши се добитници на државната награда „Мајка Тереза”

majka-tereza-700x336.jpg

Активистката Ленче Здравкин и сликарот Омер Калеши се добитници на државната награда „Мајка Тереза” за 2018 година.

Наградата се доделува за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Наградата ќе биде врачена во Собрание на Република Македонија, на 26 август – денот на раѓањето на Мајка Тереза. Таа се доделува од 2006 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail