Лепенка за безболна вакцинација против грип

lepenka.jpg

И покрај потенцијално тешките последици, што ги предизвикува грипот, само мал дел од возрасната популација се вакцинира против оваа болест.

Според проценките од СЗО, помеѓу 250.000 и 500.000 луѓе во светот годишно умираат како последица на грип.

Со цел да ја направат вакцината полесно достапна за луѓето, истражувачите од САД развиле лепенка преку која вакцината против грип  се внесува во телото, наместо да се боцка со игла.

Првата фаза од клиничко тестирање спроведено од Универзитетот Емори, во соработка со истражувачите од Технолошкиот институт Џорџија, во кое учествувале 100 лица, покажало дека лепенките се безбедни за луѓето и подеднакво ефкасни во создавање на имунитет против грип како и вакцините што се аплицираат со шприц и игла.

Лепанката, која се поставува на кожата, содржи многу ситни иглички, исполнети со вакцината. Игличките се толку тенки што нивниот убод практично е безболен. Штом ќе се стави на кожата, вакцината може да навлезе во телото и да го подготви за борба против вирусот на грипот.

Микроигличките потоа се раствораат и лепенката може да се извади.

Image result for Microneedle patches

Бидејќи не се користат игли, луѓето кои треба да се вакцинираат можат сами да ги применуваат лепенките, со што потенцијално би можела да се избегне посетата на амбуланттите и болниците.

Лепенките со микригли претставуваат сѐ попопуларна експериментална метода за замена на терапиите кои обично се даваат со игла. Истражувачите ја рзгледуваат можноста ваквите лепенки да се користат како алтернатива на инјекциите за сите третмани – од лековите за рак, па до инсулин за дијабетичарите.

Како вакцина за грип, ова е прв пат лепенките да бидат  користени кај луѓе. Пред да добие одобрение лепенката ќе треба да помине дополнителни тестирања, со цел точно да се утврди колку може да штити од вирусот на грип.

Истражувачите се надеваат дека наскоро ќе започнат со ново тестирање во кое ќе бидат вклучени повеќе луѓе.

Покрај за грип, научниците од Универзитетот Емори вршат истражувања дали ваква лепенка ќе може да се користи за вацинирање против детска парализа, сипаници и рубеола.

 

Извор: „Business Insider“

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail