Летна пракса во Сорсикс

Letna-praksa-vo-Sorsiks.png

Летна пракса во Сорсикс

Сорсикс Интернационал објавува конкурс за сите заинтересирани студенти на ФИНКИ да аплицираат за изведување на летна пракса за Веб Програмирање во времетраење од 60 денови, а со можност за продолжување до 90 денови.

Праксата ќе се изведува во канцелариите на Сорсикс Интернационал во Скопје во период Јули-Август 2018 година.

Во текот на праксата ќе бидете дел од двомесечен менторски курс за веб програмирање вклучувајќи Angular, Spring, PostgreSQL и соодветни алатки за работа, со кои ќе стекнете компетитивни знаења за изработка на комплетни веб решенија. Остатокот од праксата вклучува работа на реален проект како дел од постоечки тим во компанијата.

Заинтересираните кандидати треба да аплицираат со кратко мотивационо писмо и CV, со назнака „Praksa za Web programming“, на е-маил адресата jobs@sorsix.com, доколку ги исполнуваат следните услови:

* во студиската 2017/2018 година се студенти на додипломските (втора, трета или четврта година) или последипломските студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство;

* имаат солидно познавање од програмскиот јазик Java;

* имаат одлично познавање на англиски јазик;

* имаат чувство за одговорност и желба за тимска работа;

* подготвени се посветено да ги извршуваат зададените работни обврски;

* имаат желба за постојано стручно надоградување.

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top