Летна школа „Од општа култура кон економско влијание и соработка“

msu.jpg

Ги известуваме сите наши студенти дека од 6 до 11 јули 2017 година во Охрид ќе се одржи руско-македонска отворена економска школа „Од општа култура кон економско влијание и соработка“ во организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе-Битола, Р.Македонија и Тамбовски државен универзитет Г.Р.Державин, Тамбов, Русија.
Програмата на отворената летна школа нуди уникатен избор на предавања, специјално подготвени и насочени кон развој на стручните комуникативни искуства на идните економисти и раководители, а исто така и на идните менаџери и специјалисти од областа на IT.

Партиципација за учество 5000 денари.

Ги покануваме студените од универзитетот да земат активно учество на отворената економска школа. Своето учество на летната школа „Од општа култура кон економско влијание и соработка“ веќе го потврдија учесниците од Србија, Бугарија, Русија

За повеќе информации контактирајте нè на +389 32 440 330 (Елена Златева), секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот, или на [email protected] Пријавувањето е до 20-ти јуни 2017 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail