Летната школа за претприемништво и меѓукултурна комуникација ги обедини студентите од УЈИЕ со германските студент

picture16861.png

Летната школа за претприемништво и меѓукултурна комуникација која од 26 август до 02 септември 2018 год. се одржа на Универзитетот на Југоисточна Европа ги обедини студентите од два германски универзитета и студентите од УЈИЕ преку применување реални практики од деловниот пазар од Македонија и од Германија.

 

Студентите имаа теоретски студии, но реализираа и посети на различни компании, каде што беа во можност да го потврдат своето теоретско знаење.

Оваа Летна школа ја организираа Факултетот за бизнис и економија при УЈИЕ, Универзитетот за применети науки на Јужна Вестфалија, Универзитетот за образование, Вајнгартен.

Студентите на оваа летна школа генерираа, развија и презентираа бизнис- идеи во мултикултурен модел. „Програмата вклучуваше теоретски и практични аспекти во областа на претприемништвото, стратегијата за оптимизација, подготвувањето план- проекти презентација, интеркултурни студии итн.“ рече координаторот на Летната школа, доц. д-р Фитим Деари.

Во рамките на овој проект, министерот за директни странски инвестиции во Владата на Република Македонија, г. Бардил Даути, одржа предавање фокусирајќи се на олеснувањето на условите на домашните и странски инвеститори, профилите на земјата и макроекономските податоци итн.

Предавачи од германските универзитети беа проф. д-р Евалд Мителштад, проф. д-р Клаудија Випцки и Манфред Мор.

Германските студенти имаа можност да ја посетат фабриката „Везе Шари“ како и спомениците кои се дел од културното наследство и некои туристички места во Тетово и во други градови во Македонија. Овој проект е поддржан од Германското федерално министерство за економски работи и е финансирано од Германската служба за академска размена (ДААД)

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top