Летот број 666, на петок 13, слетал во „пеколот“!

avion.jpg

Во финската национална авиокомпанија не се суеверни. Нималку. Како инаку да се објасни тоа што во петокот, на 13 јануари имале лет со бројот 666.

Во финската национална авиокомпанија не се суеверни. Нималку. Како инаку да се објасни тоа што во петокот, на 13 јануари имале лет со бројот 666, кон градот чијашто ознака е „HEL“?

Без оглед на тоа што на куферите било јасно назначено дека патуваат за HEL (скратено „hell“, што на англиски јазик значи пекол), како што гласи ознаката на аеродромот во Хелсинки во комерцијалниот воздушен сообраќај, пишува РТ.

„Финер“ го практикува овој лет со години, меѓутоа, летот на датумите како што е петок 13 е многу атрактивен.

Претходниот пат тоа се случило на 13 мај 2016 година. Ништо, всушност, не се случило, секако, авионот слетал без никакви проблеми, единствено што доцнел три минути.

– Веќе долго време ние пилотите се шегуваме на таа тема. Не сум суеверен. Јас тоа го гледам само како случајност. Ако има патници на кои бројот 666 им создава нервоза, нашиот екипаж е тука, среќен ако може да помогне. – рекол пилотот Јуха- Пека Кеидасто.

Секако, авионот слетал нормално во Хелсинки, и тоа во 13:31.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail