Лични податоци на 4.739 студенти на неколку државни и приватни факултети кружат по Интернет

mkd-303912.png

Број на индекс, адреса на живеење, град, телефонски број, мејл и лозинка за мејлот… Овие лични податоци пред два дена, преку официјалниот мејл на Машинскиот факултет (info@mf.edu.com) биле испратени на адреси на стотина студенти. Се работи за база на податоци на 4.793 студенти од Машинскиот и други државни и приватни факултети.

Од It.mk направија пребарувач, преку кој студентите го внесуваат личниот и-мејл, по што се врши проверка дали истиот е присутен во датабазата.

„IT.mk ги нема складирано личните податоци присутни во базата, туку со цел спречување на понатамошно ширење на базата врши проверка само на и-мејлот”, велат од IT.mk.

Инаку лични податоци на 4.739 студенти на неколку државни и приватни факултети деновиве кружеа по Интернет. Број на индекс, адреса на живеење, град, телефонски број, мејл и лозинка за мејлот на студентите преку официјалниот мејл на Машинскиот факултет биле испратени на адреси на стотина студенти.

„Дел од серверите и дел од ИТ опремата со која располага Машинскиот факултет се исклучени. Остварен е контакт со Дирекцијата за заштита на лични податоци (ДЗЛП), а првиот работен ден, од наша страна ќе биде доставено и официјално барање до Дирекцијата за вршење вонреден контролен надзор, со што ќе се расветлат причините за настанатата состојба”, изјави Данев за Радио МОФ.

За денеска се очекува некаква реакција или соопштение од Дирекцијата, која најави дека ќе го проследи случајот. Се уште не се знае дали се работи за хакерски напад, или пак некаква грешка при која се проширија личните податоци.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail