„Лифтот на сто змејови“ веќе со години ги фасцинира туристите: Само најхрабрите туристи се осудуваат влезат во него (ВИДЕО)

Штом изградбата била најавена веднаш настанале многу контроверзии околу локацијата на лифтот: дали неговото место е во националниот парк кој е под заштита на УНЕСКО?

„Баилонг“ е највисокиот надворешен лифт чие име се преведува како „Лифт на сто змејови“, а изграден е на стрмните карпи во Вулингуан, дел на спектакуларниот национален парк во Кина.

Висок е вртоглави 326 метри, а со оглед на тоа дека е направен од метал и стакло, оние кои се доволно храбри со него да се искачат во висините можат да уживаат во незаборавниот поглед.

Изградбата почнала во 1999-та година за да биде отворен за посетителите три години подоцна. Вложени се околу 30 милиони евра за лифтот да се “приближи до облаците“, а после неговото реновирање исто така лифтот бил забрзан и за 1 минута и 32 секунди.

Во кабината дозволено е да влезат 50 патници што е воодушевувачка бројка за таков вид “превоз“.

Еколозите се побуниле и започнале да дискутираат за тоа дали таквата атракција ќе допринесе за зголемување на бројот на туристи во веќе и онака многу посетуваниот парк.

Оние кои го поддржале градењето на лифтот се спротиставиле со аргумент дека со лифтот може да се намали штетата која настанува на планинските патишта заради преголемиот број на посетители.

Тие изјавиле дека стаклената атракција ќе го намали времето кое туристите го поминуваат во паркот, а со самото тоа и штетата која ја прават на околината.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail