london-ulez-e1554999161996.jpg

Лондон официјално стана првиот град во светот кој доби зона со ултраниска емисија на гасови или ULEZ. Зоната е активна цело време и ноќе и дење, а има за цел да го подобри квалитетот на воздухот во градот со намалување на загадувањето предизвикано од возилата.

Секое возило кое вози во ULEZ ќе мора да исполни строги закони за емисија на гасови или да плати казна. Научнiциите веруваат дека емисијата на гасови од возилата, особено азотните оксиди, се одговорни за најголем дел од загадувањето во Лондон и се сериозна закана по општото здравје. Тие штетни хемикалии го зголемуваат ризикот од деменција и рак.

„Ова е битен ден за нашиот град. Нашиот загаден воздух е невидлив убиец одговорен за една од најголемите здравствени кризи на оваа генерација“ изјави градоначалникот на Лондон, Садик Кан.

ULEZ беше активиран на 8 април и секое возило кое поминува низ зоната и не ги исполнува стандардите за емисија на гасови ќе мора да плаќа казни во износ од 16 долари дневно. Поголемите возила како камионите и автобусите ќе мора да плаќаат казни во износ од 130 долари или повеќе. Зоната моментално зафаќа површина од околу над 7 километри и ќе се прошири на поголема површина до наесен 2021 година.

ULEZ е дел од поголем план за стопирање на сообраќањето на возилата со голема емисија на гасови во Лондон. Првата фаза од планот наречена T-charge стартуваше во 2017 година. За две години оттогаш во таргет областа од Лондон опфатена со зоната сообраќаат 11.000 возила помалку секој ден.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail