Лондон годинава го претекна Њујорк

britan-polits.jpg

Лондон годинава го претекна Њујорк по број на убиства, што е првпат во модерната историја, пишува „Сандеј тајмс“.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Според статистичките податоци, во февруари и март годинава, во Лондон се убиени 37 лица, а во Њујорк 35.

Како што јави Би-Би-Си, од почетокот на годинава, 46 лица во Лондон биле избодени до смрт, во нив било пукано или се повредени, додека во Њујорк регистрирани се 50 такви случаи.

Во исто време, додека од јануари стапката на убиства во Њујорк се намалува, во Лондон расте.

Од 46 убиства во 2018 година, кои ги истражувала Метрополитен полицијата, 31 биле извршени со нож.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top