Лондон најави забрана за огласување нездрава храна во јавниот превоз

london.jpg

Big Ben and Westminster abbey in London, England

Британската престолнина најави забрана за огласување нездрава храна во јавниот превоз, истакнувајчи дека со тоа сака да помогне во борбата против гојазнста кај децата. По забраната, која стапува на сила во февруари, на производителите на храна и пијалаци ќе им биде дозволено рекламирање само на здрави производи наместо постојано огласување брендови брза храна.

Со оглед на тоа дека со транспортната компанија TfL дневно се остваруваат 30 милиони патувања, огласувачкиот простор на возилата нуди клучна прилика за промовирање на квалитетна храна и здрав стил на живот за децата и челновите на нивните семејства, велат оттаму.

Последното направено истражување покажува дека 82% од жителите на Лондон ја поддржуваат забраната.

„Забраната за огласување нездрава храна во јавниот превоз е дел од пакетот мерки кои ги воведуваме. Мора да преземеме остри мерки во борбата против гојазноста кај децата, која е темпирана бомба, а составен дел на тоа е и намалената изложеност на реклами за нездрава храна“, порача градоначалникот на Лондон, Садик Кан.

Славниот готвач Џејми Оливер го поддржа потегот на градоначалникот. „Ја имаат поддршката на жителите на Лондон, кои јасно и гласно порачаа дека сакаат јавен превоз со реклами за здрава храна“ напиша познатиот готвач на Twitter.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail