LTH-Learnica.jpg

За сите идни и веќе дипломирани машински инженери нудиме можност да бидете дел од идентификацијата, анализата и имплементирањето решенија во производствените процеци , вклучително анализа на трошоци, автоматизирање на процесите и решавање на комплексни проблеми, преку континуирана соработка и поддршка од страна на тимот инженери за развој во LTH Castings d.o.o.

Oдговорности:

  • Работа врз основа на дневни, месечни и годишни планови за производство
  • Ги следи и спроведува сите правила на политиката за безбедност и здравје при работа и ја промовира политиката на LTH Castings d.o.o.
  • Подготовка на предлози и спроведување на процесите за постојано подобрување
  • Имплементира 5S и други активности по потреба на работата, изготвува извештаи.

Квалификации:

⦁ Високо образование – дипломиран машински инженер/апсолвент
⦁ Говорен англиски јазик задолжително, германски ќе се смета за предност
⦁ Способност за читање и разбирање на цртежи, упатства и спецификации
⦁ Познавање на работа со компјутери, МSOffice (Excel, Word, PowerPoint, Outlook), АutoCAD, способност за математичко и статистичко решавање на проблеми од областа
⦁ Организација на време и способност за работа со рокови и работа под притисок, лидерски дух при решавњето на проблеми
⦁ Со и без искуство

Услови за работа:
Позицијата бара користење на заштитна опрема, 40h неделно/ 8h дневно. Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид – производни и административни капацитети.

Останато:
– Месечна плата: 31.000,00 ден. основна бруто плата, дополнително додатоци за услови за работа,обезбеден топол оброк
-покриени трошоци за превоз до работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)
-во случај кандидатот да доаѓа од друг град, можност за покривање на трошоци за сместување
-исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
-исплата на новогодишен надоместок
-награди и бонуси согласно покажани резултати

Краен рок на поднесување CV на долунаведените e-mail адреси: 31.05.2019 год.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail