ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид вработува – Машински инженер

LTH-Learnica.jpg

За сите идни и веќе дипломирани машински инженери нудиме можост да бидете дел од идентификацијата, анализата и имплементирањето решенија во производствените процеци , вклучително анализа на трошоци, автоматизирање на процесите и решавање на комплексни проблеми, преку континуирана соработка и поддршка од страна на тимот инженери за развој во LTH Castings d.o.o.

ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид вработува – Машински инженер

Oдговорности:

• Ја прати реализацијата на производниот процес, ја контролира оперативноста на машините и носи одлуки околу евентуалните промени во технолошките параметри
• Допринесува во воведувањето на новитети во производниот циклус, со цел намалување на трошоците и континуирано подобрување на системот
• Ги следи и спроведува сите правила на политиката за безбедност и здравје при работа и ја промовира политиката на LTH Castings d.o.o.
• Одговорен за реализација на оптимизација на нови производни процеси, како и за организација, надгледување и анализа на сите недостатоци, предлага најдобри решенија
• Имплементира 5S и други активности по потреба на работата
Квалификации:
• VI степен на образование од техничките науки
• Говорен англиски јазик задолжително, германски ќе се смета за предност
• Способност за читање и разбирање на цртежи, упатства и спецификации
• Познавање на работа со компјутери, МSOffice (Excel, Word, PowerPoint, Outlook), способност за математичко и статистичко решавање на проблеми од областа
• Организација на време и способност за работа со рокови и работа под притисок, лидерски дух при решавњето на проблеми

Услови за работа:
Позицијата бара користење на заштитна опрема, 40h неделно/ 8h дневно. Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид – производни капацитети.

Останато:
– Месечна плата: 31.000,00 ден. основна бруто плата, дополнително додатоци за услови за работа,обезбеден топол оброк
-покриени трошоци за превоз до работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)
-во случај кандидатот да доаѓа од друг град, можност за покривање на трошоци за сместување
-исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
-исплата на новогодишен надоместок

-награди и бонуси согласно покажани резултати
Краен рок на поднесување CV: 31.01.2019 год.
____________________________________________________________________________________________________________
РКС Марија Митаноска | e-mail: [email protected] | [email protected] | www.lthcastings.com/careers | Mobile : ++389 78 247 096
www.lthcastings.com

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail