Со настап на групата Љубојна вечерва ќе биде отворено културното лето Три круши што се одржува во општина Кисела Вода.
Целовечерниот концерт на групата ќе се одвива во Паркот на бранителите во населба Драчево. Почетокот на концертот е закажан за 20 часот и 30 минути. Љубојна во моментов се актуелни со нивната нумера „Ракија“, што е сингл од нивниот нов албум што е во подготовка