Испирирани од обновената полуларност на “Убавицата и Ѕверот” овој месец тематиката на филмот можете да ја видите насекаде. Така, луѓето чекаат дури и по 4 часа во Дизниленд да ја купат новата пластична чашка во чија внатрешност се наоѓа магичната роза од приказната за “Убавицата и Ѕверот”.
Популарноста на чашката инстатно пораснало откако еден Инстаграм пост станал вирален. Чашката има и копче кое ако го претиснете свети и ја прави да изгледа уште попривлечно.
За оние што не можат да стигнат до Дизниленд и да чекаат со часови во преполни редици, чашката веќе се продава и на Ebay.