Луѓето кои пијат кафе, живеат подолго

kafeeee.jpg

Благотворен ефект од консумирањето на кафе, кој одамна е оспоруван, беше потврден од две нови истражувања, од кои едното е извршено во 10 европски земји, а другото – во САД.

Консумацијата на околу три чашки кафе дневно, вклучувајќи безкофеинско, изгледа обезбедува подолг живот, покажуваат резултатите од европското истражување. Тоа опфатило 520.000 мажи и жени над 35-годишна возраст, чие здравје било следено 16 години, пишува Франс прес, цитирана од светските агенции.

Поголема консумација на кафе е поврзана со помал ризик од смрт поради какви било причини, особено како резултат на кардиоваскуларни болести и болести на дигестивниот систем, објаснуваат експертите.

Ова е широко европско истражување за ефектите од консумирањето на кафе врз здравјето и должината на животот. Кафето е најконсумиран пијалок во светот – секојдневно се пијат 2,25 милијарди чашки кафе.

Истражувањето фрла исто светлина врз можните механизми поврзани со корисен ефект од кафето. Тоа содржи голема количина на антиоксиданси, кои играат важна улога за спречување на канцерогени болести, појаснуваат научниците.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail