Луѓето масовно гледаат филмови за вирусни епидемии

img-503269.jpg

Многу луѓе кои сега се во карантин времето го минуваат во гледање филмови. Кино салите се затворени, а наместо нив настапуваат платформи за стриминг на филмски содржини. Како што може да се заклучи, најгледани се филмовите за вирусни епидемии и биолошки катастрофи, пишува Guardian.

Филмот „Outbreak“ од 1995 година, со Дастин Хофман, Морган Фримен и Рене Русо во главните улоги, моментално е третиот најгледан филм на Netflix во САД.

Покрај него, трилерот „Contagion“ од 2011 година, со Гвинет Палтроу, Мет Дејмон и Џад Лоу, меѓу останатите, исто така е баран филм. Инаку, филмов претставува морничаво реалистичен приказ од последиците на пандемија, а научниците го издвојуваат како еден од најверодостојните остварувања на својот поджанр.

Ако сакате постапокалиптична приказна погледнете го зомби хитот „28 Days Later“ од 2002 година.

Од психолошка гледна точка, гледањето на филмови со вирусни зарази во екот на моментална пандемија претставува вид терапија на изложување. Со други зборови, се изложуваме на можна закана на безбеден начин, со што успеваме да се избориме со неминовна закана, страв и немир.

Можеби токму менталното изложување и соочување со страв ни е потребно за да ја пребродиме оваа тешка ситуација.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail