Луксузниот брод Innovation ќе патува до сите седум континенти во светот

sea-dream-yacht-club4-600x450.jpg

Еден од најголемите бродови крстосувачи во светот, кој ќе го започне своето патување во 2021 година, ќе застанува на сите 7 континенти. Компанијата SeaDream Yacht Club го најави својот најнов луксузен брод наречен Innovation. Овој брод е опремен за експедиции и во тропски и во поларни предели.

Бродот е од рангот на другите луксузни крстосувачи како Seaborn cruise, кој посетува 62 пристаништа, Regents Seven Seas World Cruise, кој посетува пет континенти и Silversea Silver Whisper. Innovation има 110 сoби, што е релативно мало во споредба со други луксузни крстосувачи, а вклучува и простории за јадење и други забавни активности.

За најдолгото патување со бродот од Хонгконг до Сиднеј кое трае 92 дена, билетите чинат од 65.000 до 175.000 долари плус дополнителни трошоци. За најкраткото патување до и од Антарктикот кое трае 11 дена цените се движат од 13.000 до 41.000 долари. Резервациите се отворени за јавноста од април.

Бродот има девет палуби и е долг 155 метри, односно има 3.500 квадратни метри површина на палубите.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail