Ла Каса дел Арбол е една од најпознатите атракции во Бањос, Еквадор.
Станува збор за куќичка на дрво на височина од 2600 метри, а доколку ги прашате локалните жители, но и оние кои ја посетиле, ќе дознаете дека таа е евтина, забавна и нуди најдобар поглед на околината.
Ла Каса дел Арбол стана едно од најбараните искуства ширум Еквадор, како за домашните, така и за меѓународните посетители, а интересно е што се споменува во речиси секој блог за овој мал тропски град.
Сместена на планина покрај активен вулкан, куќичката на дрво поседува лулашка која е незаобиколна станица за сите оние кои патуваат во Бањос.
View this post on Instagram
Пред само една деценија, Ла Каса дел Арбол била скромна куќичка на дрво со дрвена лулашка, инаку дело на жител задолжен за следење на сеизмичките активности на вулканот Тунгурахуа.
View this post on Instagram
Иако ја сакал само за себе, лулашката набрзо станала исклучително популарна поради својата одлична локација и погледот кој таа го овозможува. Иако првобитно била врзана за дрво со само неколку јажиња, во текот на годините биле додадени многу сигурносни додатоци за да стане побезбедна.
Сепак, иако делува како да се лулате над провалија, всушност оваа лулашка не е толку екстремна и има мало стрмно брдо под неа.
View this post on Instagram