МАГИСТРИРА НА 80 ГОДИНИ: Дедо ДУШАН има 3 дипломи и 4 индекси

rep-magistar_620x0.jpg
Оваа последна диплома ја додал на својата полица пред неполна година кога на новосадскиот факултет по земјоделство ја одбранил својата магистерска теза под име “Исхраната на кравата со зголемено ниво на шеќерна репка“.
Својата теза ја одбранил пред комисија во која било и неговиот ментор којшто се родил 11 година после неговото прво запишување на факултет.
Душан, својата прва диплома ја стекнал во 1963 година, а на науката целосно и се предал после своето пензионирање – во 1993.
Овој витален Србин му се вратил на факултетот кога ја основал својата приватна фирма за проектирање на земјоделски објекти и нивна санитарна заштита. Кога ја основал фирмата, му кажале дека мора да вработи инженер за заштита на билките.
На него тоа не му претставувало никаков проблем, туку напротив – вистински предизвик.
Така тој запишал мастер од оваа област, а магистерскиот труд на тема “Влијанието на штетните инсекти и глодари врз житните култури во Бачка“ го одбранил во 2012 година, нормално, со оценка 10.
“На него работев цели 500 дена, и за целото тоа време секој ден јадев по една чоколада со лешници. За тоа време, вкупно имав изедено 50 килограми од мојата омилена чоколада. Имав цврста волја да напишам магистерски труд во кој ќе докажам дека репката може да ја замени пченката во редовната исхрана на кравите во случај кога нејзината цена е превисока“, – објаснува Пејин.
И неговиот син Душан исто така завршил магистерски студии на тема заштита на билките.
Не само што 80-годишниот академик никогаш не се откажал од своето усовршување и образование, туку тој се здобил и со голем број на сертификати и награди за иновации.
За него, најзначајна е наградата за “Еколошка кутија за уништување на стаорци кои брзо се размножуваат“. За овој патент, Сојузот на иноватори во Србија му има доделено сребрен медал. Понатаму, на изложбата за пронаоѓачи на Меѓународниот саем за претприемништво ја добил наградата “Михајло Пупин“, а на Меѓународниот саем за пчеларство во Сомбор го освоил првото место.
Постар од најстариот студент
Највозрасните редовни студенти во Србија имаат од 56 до 62 години. Една од нив, Светлана Внучец, има 62 години и моментално ја изучува 4-тата година на факултетот за музички уметности во Белград. Светлата е еден од најупорните студенти. Ова е нејзиниот трет индекс и во моментов се наоѓа многу блиску до дипломирање.
За неговата љубов кон науката ја криви својата мајка – учителка
За својата љубов кон книгата, науката и иновациите, Душан вели дека е заслужна неговата мајка Аница која по професија била учителка.
“Кога бев дете, во кино можев да идам само под услов да и го прераскажам секој филм кој што го гледам. А кога требаше да научам песнички напамет, морав да ја напишам, а не само да ја рецитирам. Можеби тоа е причината зошто учењето, меморирањето и размислувањето ми оди од рака. Тоа беше нејзиниот начин на воспитување“, – завршува Пејин.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail