Магнети за отстранување на бактерии од крвта

bakteriiiiii.jpg

Сепсата, т.е „труењето на крвта“ е честопати фатална состојба која вообичаено е предизвикана од реакцијата на телото од бактериска инфекција и се третира со антибиотици.

Сега, истражувачи од Харвард Универзитетот, истражувачката група Емпа и Институтот Адолфе Меркле, пронашле подобар начин за справување со сепсата.
Главен елемент во новиот третман се магнетите. Истражувачите ги обложиле антителата кои се поврзуваат со опасните бактерии со честички од железо, пред да бидат ставени во иста мешавина со бактеријата која предизвикува сепса.

Откога антителата се закачиле на бактеријата, мешавината била пропуштена низ машина за дијализа, каде што магнетите буквално ги отстраниле антителата обложени со железо на кои сега биле закачени и бактериите, со тоа ефективно прочистувајќи ја мешавината од нив.

За жал, антителата кои биле користени во испитувањето можат да се закачат само на еден тип на бактерија, така што терапијата би морала да се повторува доколку во крвта се наоѓа уште некој друг вид на бактерија која предизвикува сепса.

Поради тоа, истражувачите од Харвард започнале да работат на изработка на синтетички антитела кои би се закачувале на повеќето познати и вообичаени типови на бактерии кои предизвикуваат сепса, така да и еден третман со ваков тип на антитела би бил сосема доволен за организмот да се прочисти.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail