МАИ ги додели наградите за најдобри изданија меѓу два саема на книга

saem-na-kniga.jpg

Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) вчеравечер на Саемот на книгата ги додели наградите за најдобри изданија меѓу два саема. Наградите  првпат се доделени во шест категории.

Награда за најдобра едиција доби „Бранови“ на издавачкиот центар „Антолог“, награда за најдобро печатено издание – „Бајки од Македонија“ на издавачка куќа „Арс Ламина“, награда за најдобро ликовно-графичко решение за „Современи класици“ на „Арс Ламина“, најпродаван домашен автор  – Коста Петров – за Издавачки центар ТРИ, награда за најдобра книга за деца – „Бајки од Македонија“ „Арс Ламина“ и за  најкреативно издание – Планум на „Паблишер“.

За наградите одлучуваше стручно жири во состав: Владимир Мартиновски, Симона Грујовска-Маџоска, Петар Андоновски, Никола Војнов и Нина Стефанова.

Управниот одбр на МАИ додели и две специјални награди: за промотор на читачката култура награден е Букбокс (Bookbox) на off.net.mk, а награда за издавачка куќа со најголема општествена одговорност и е доделена на „Арс Ламина“ – за изработката на учебници за деца со оштетен вид.

– Ова е прва година како се доделуваат овие награди, а идејата е МАИ да ја вреднува токму издавачката работа и да го поттикне и поддржи квалитетот во производството на книги, соопшти Македонската асоцијација на издавачи.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail