Мајкрософт изработи уред кој ќе им помогне на луѓето со Паркинсонова болест

Мајкрософт изработи часовник, за кој компанијата вели дека во иднина ќе им помогне на лицата со Паркинсонова болест полесно да пишуваат.

Уредот, наречен Ема испраќа вибрации до мозокот, со кои им помага да го контролираат треперењето на рацете.

Прототипот на уредот го изработила директорката на иновативниот центар Хајанг Женг за својата пријателка која страда од оваа болест. Благодарение на Ема, таа почнала повторно да црта.

За сега уредот е само прототип, но во иднина може да им помогне на 10 милиони луѓе ширум светот кои страдаат од оваа болест. За жал уредот може само да ја подобри состојбата кај пациентите, но трепаерењето на рацете нема да исчезне.

извор: enauka.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail