„Мајкрософт“ планира да направи смартфон кој се претвора во таблет

tablet.jpg

„Мајкрософт“ планира да патентира уред со флексибилен зглоб и дисплеј, кој паметниот телефон ќе го претвора во таблет.

Порталот „МСПауерјусер“ објави дека концептот моментно е во експериментална фаза.

Уредот треба да изгледа како голем смартфон кој може да се превитка и претвори во таблет. Наводно постои можност за постоење на два или три дисплеја за да биде уредот поголем и повеќе да личи на таблет.

„Мајкрософт“ патентот првпат го пријави во октомври 2014 година, а како негов изумител е наведен Кабир Сидику, кој стои зад Сурфејс производите на компанијата.

Веќе се појавија гласини дека уредот на пазарот треба да се појави оваа година, а тоа би можело да значи дека „Мајкрософт“ размислува за евентуално враќање на пазарот на телефони, овозможувајќи на сопственикот уредот да го трансформира во нешто поголемо од обичен смартфон.

Иако се појави дизајнот на уредот, се претпоставува дека тој не е конечен, но дава увид во начинот на кој „Мајкрософт“ гледа на паметните телефони по повлекувањето од пазарот минатата година.

Сепак, многумина се скептични околу оовј производ, бидејќи „Мајкрософт“ патентираше голем број на изуми кои никогаш не станаа финални производи.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail