Мајкрософт поради вирусот WannaCry пушти апдејти на оперативни системи со прекината поддршка

majkrosofttttt.jpg

Корпорацијата „Мајкрософт“ пуштил обновување на оперативните системи Windows XP, WIndows 8 i Windows Server 2003, чија поддршка е прекината. Целта е да се гарантира заштита од вирусот WannaCry, кој втор ден напаѓа компјутери во светот, изјави портпаролката на рускиот огранок на Мајкрософт, Кристина Давидова.

Таа истакна дека вчера компанијата ги обновила верзиите на оперативните системи, кои се уште ги поддржува и доставила бесплатна антивирусна програма.

Компанијата потоа пуштила апдејти за застарените Windows XP, Windows 8 i Windows Server 2003.

Според информации од блокот на Windows компјутери со Windows 10 не биле нападнати во кибер нападот на вирусот изнудувач, кој почна вчера.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail