Мајкрософт сертификација за наставниот кадар во училиштата во Карпош

Развивање дигитални вештини кај наставниците и учениците во основните училишта во скопската Општина Карпош и поголема конкурентност на наставниот кадар при аплицирање за проекти и огранизирање поинтересна настава, е целта на проектот, што го спроведува меѓународната компанија за образование и сертификација „Серти Адрија“ со седиште во Скопје, во соработка со Општината.

– Проектот вклучуваше три фази, првата беше обука на одреден број наставен кадар од основните училишта на ниво на Општина Карпош, потоа следеше фаза, која се уште е во процес на подготовка за официјално и глобално признато сертифицирање, а до 15 февруари сите тие кои ја поминаа обуката ќе пристапат кон официјално полагање на глобално признатиот испита „Мајкрософт офис специјалист“. „Серти Адрија“ како реализатор на овој проектот во соработка со општината е компанија која ги следи глобалните примери односно има партнерство со глобалните ИТ гиганти, меѓу кои е и „Мајкросфт“… и сум сигурен по неговото завршување ќе продолжиме да работиме на подигнување на дигиталните вештини на наставниот кадар во општината и да почнеме да работиме и со учениците, истакна денеска оперативниот директор на „Серти Адрија“, Марко Серафимовски.

Раководителот на Секторот за образование во Општината Карпош, Емилија Арсовска рече дека училиштата во Карпош се пример во државата за тоа како се модернизира процесот во наставата, како се прифаќаат новитетите во наставата, како наставниците и раководните лица на училиштата се дел од обуките кои се нудат за училиштата, со цел да се осовременува системот на знаења на учениците.

– Ме радува тоа што со оваа „Мајкрософт офис“ сертификација училиштата ќе станат поконкурентни во однос на разни донаторски заедници, во однос на многу фондови, ќе се отворат патишта за многу апликации. Училиштата во Карпош редовно аплицираат, учествуваат, бараат начин како да се подобри состојбата во нив. Имаме многу наставници кои се серифицирани во секаков поглед. Оваа дигитализација во училиштата е влезена многу одамна. Ако некогаш во основните училишта во државата постоела само една училница по информатика и таму биле сместени 15, 20, 30 компјутери, сега веќе не е така, сите сме сведоци дека во училиштата се врши информатичко осовременување во секој поглед, додаде Арсовска.

Серафимовски рече дека на ниво на Општината наставничката по хемија од Основното училиште „Јан Амос Коменски“ во Скопје, Александра Блажевска успешно го положила „Мајкрософт офис специјалист“ испитoт и освоила 970 поени од 1.000 поени.

На настанот на наставници и директори од основни училишта од Општина Карпош им беа доделени благодарници.

– Тоа покажува дека Општината Карпош има многу сериозен кадар во образовните институции и дека се подготвени да продолжат понатаму со учење нови работи, додаде Серафимовски.

извор: макпрес

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail