МАКЕДОНЦИТЕ имаат сопствени домови, ЕВРОПЕЈЦИТЕ живеат под кирија

sopstveni.jpg

И покрај тоа што постојат неспоредливи разлики во стандардот, месечните примања и економскиот просперитет меѓу земјите од ЕУ и Македонија, сепак Македонија во една работа е далеку понапред од останатите европски земји.

Европските граѓани се побогати од Македонците – тоа е несомнено. Меѓутоа, многу поголем е просекот на македонски граѓани кои живеат во сопствени живеалишта во однос на граѓаните на земјите од ЕУ.

Според најновите податоци на “Еуростат“, во 2015 година 25% од граѓаните на ЕУ живееле во станови, а 57% во куќи. Понатаму, статистиката покажува дека седум од десет жители на ЕУ или околу 69% од населението живееле во свои живеалишта додека пак останатите живеат под кирија.
Податоците на ДЗС на Македонија покажуваат дека во 2015 година дури 83,2 проценти од населението во земјава живеело во свои куќи, додека пак само 16,6 проценти живеат во станови. Според овие статистички податоци, дури 80 отсто од населението во Македонија живеево сопствени живеалишта, што е тренд карактеристичен за повеќето земји од Централна и Југоисточна Европа.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail