Македонија е српска, Грција е македонска – Еве како најлесно да ги изнервирате соседите

narodi.png

Србите најмногу ги иритира кога некој ќе каже дека Никола Тесла е Хрват, додека западните соседи ги нервира кога ги нарекуваат Срби.

Се лутат Словенците кога некој ќе каже дека се алпски Срби, Хрватите дека се католички Срби, Бошњаците дека се муслимански Срби, а Македонците кога ги нарекуваат јужни Срби.

Грците ги иритира кога некој вели дека Македонија треба да припадне на Македонците, а Италијанците кога некој ќе каже дека сака да стави кечап на тестенините.

Босна и Херцеговина – „Муслимански Срби“.

Србија – „Никола Тесла е Хрват“.

Македонија – „Вие сте јужни Срби“.

Грција – „Македонија на Македонците“.

Словенија – „Вие сте алпски Срби“.

Хрватска – „Католички Срби“.

И останатите европски народи имаат проблем да се воздржат и да не се налутат кога ќе слушнат некои толкувања за нивните држави што обично се базираат на слабата информираност или на предрасудите.

Французите не може да поднесат кога некој ќе каже дека американските вина се подобри, додека Швајцарците ги нервира кога некој тврди дека белгиската чоколада е подобра од нивната.

Земјите на Балтикот ги нервира што постојано ги мешаат со Русите, а Унгарците ги иритира бидејќи ги зезаат дека се гладни (hungry), додека Романците кога некој им вели дека ја сака нивната престолнина, Будимпешта.

Швеѓаните се лутат кога нивниот главен град се нарекува престолнина на силувањето, а Норвежаните кога ги прашуваат дали тие се северниот дел на Шведска.

Велика Британија тешко поднесува кога некој вели дека Малдивите припаѓаат на Аргентинците, а Ирска, кога ја нарекуваат Јужна Ирска.

Ако сакате да налутите Португалец прашајте го дали неговиот јазик е бразилски, а Бугарите дали се уште користат руска азбука.

Коментарите на оваа мапа се различни, а поединци од земјите кои не се наведени на неа наведувале што е тоа што нив би ги изиритирало најмногу.

На пример, граѓаните на Ерменија не им се допаѓа кога некој ги прашува за кој геноцид зборуваат, а Финците веруваат дека малкумина би преживеале доколку некој би ги нарекол Руси.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail