Македонија меѓу топ 20 најзагадени земји во светот

Zagaduvane.png

Според Извештајот на светската организација Еко – експертс, Македонија е на 17 то место според загаденоста на воздухот во светски рамки. На листата на 20 најтоксични земји, зад Македонија се само Сингапур, Ирак и Кина.

Од регионот на црната листа на најзагадени земји се и Бугарија и Босна и Херцеговина. Критериумите според кои се мери токсичноста се аерозагадувањето, смртните случаи и емисиите на ЦО2. во истражувањето беа вклучени вкупно 135 држави.

Пулмолозите велат дека високата загаденост на воздухот го загрозува здравјето и предизвикува сериозни заболувања.
Според Институтот за јавно здравје, во Македонија годишно од загаден воздух умираат 1.300 лица. Властите во Македонија досега немаат преземено никакви ефикасни мерки за намалување на загаденоста.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail