ana.jpg

Биологот Ана Чоловиќ Лешоска стана првиот македонски добитник на престижната награда за животна средина „Голдман“ за грасрут-активизам.

Чоловиќ Лешоска водеше седумгодишна кампања за прекин на меѓународните средства за две големи хидроцентрали планирани во Националниот парк Маврово, најстариот и најголем национален парк во Македонија, заштитувајќи го живеалиштето на речиси изумрениот балкански рис. Во 2015 година Светската банка го повлече своето финансирање за еден хидроенергетски проект, а во 2017 година Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) го откажа својот заем за за другиот проект.

Во ноември 2011 година Чоловиќ Лешоска поднесува жалба до ЕБРД, со обвинение дека банката прекршила четири од нејзините основни политики, што вклучува и пропуст за соодветна процена на биодиверзитетот на областа, пред да се одобри финансирањето на Бошков мост. Во ноември 2011 година таа патува во Лондон на состанок на бордот на директори на ЕБРД и на секој член од бордот му ја покажува монетата со сликата на рисот. На годишниот состанок на ЕБРД, таа и нејзините колеги од  Бенквоч исто така делат кадифени животни во форма на рис со ознаки „Прегрни ме, јас сум загрозен“ и „Не го проколнувајте рисот“.

Во меѓувреме, Чоловиќ Лешоска продолжува со активизмот и ги поттикнува амбасадорите на земјите што имаат претставници во бордот на ЕБРД да го отфрлат финансирањето на проектите за хидроцентрали. Таа помага да се организираат јавни протести и да почне петиција со која се бара од македонската влада, од ЕБРД и од Светската банка да ги прекинат проектите. Со петицијата се собрани близу 100.000 потписи. Во седми месец бременост Чоловиќ Лешоска оди од врата до врата во селата близу Маврово и ги информира мештаните за влијанието на проектите.

Длабоките клисури на Националниот парк Маврово, водопадите, дивите реки, буковите шуми и алпинистичките ливади се една од последните недопрени природни области во Европа. Освен над 1.000 видови растенија, во паркот се наоѓаат ретки видови пастрмки, волци, мечки, златни орли и видри. Маврово, исто така, е клучно живеалиште за едно од последните преостанати популации на критично загрозениот балкански рис. Срамежлив и недофатлив, од овој вид остануваат само околу 35 зрели индивидуи, при што најголем дел од популацијата на активно одгледување се наоѓа исклучиво во Маврово.

Кампањата на г-ѓа Чоловиќ Лешоска била мотивирана од желбата да се заштити животната средина во Македонија и нејзините сограѓани да се вклучат во процесот. Таа е директор и основач на Центарот за истражување и информирање за животната средина Екосвест. Основана во 2002 година, Екосвест работи на заштита на националните паркови и културното наследство во Македонија од големи инфраструктурни проекти, поттикнување на учеството на граѓаните во националната енергетска стратегија на земјата и промовирање одржлив транспорт, справување со отпадот и извори на енергија. Чоловиќ Лешоска е исто така поврзана со Бенквоч, кој ги истражува инвестициите на јавните финансиски институции во развојни проекти.

Употребата на грасрут-активизам и на меѓународните правни механизми од страна на Чоловиќ Лешоска го прекинаа финансискиот животен век за хидроенергетските проекти. И покрај заканите за нејзината безбедност од владата и од ЕЛЕМ, таа го заштити најстариот национален парк во земјава и застана во одбрана на критично загрозениот балкански рис.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail