МАКЕДОНКА со слатка бизнис идеја го освои ЧИКАГО

sophiiiii1.jpg

Софи Еваноф, со потекло од Прилеп успеа да го освои американскиот град Чикаго со нејзината слатка бизнис идеја. Имено, во овој град под името “Ванила“ постојат три слаткарници каде што може да се купат највкусните француски благи специјалитети.

Колачите на Софи се препознатливи по нивниот квалитет, но и по нивниот уникатен изглед. Како што вели таа, нејзиниот порив за ваквата професија доаѓа уште од средното училиште каде што, како што таа вели, започнала желбата да се бави со правење на вкусни колачи.

Нејзината првична идеја била да продава слатки под називот “Колачите на баба“, но подоцна таа открила за училиштето за француски слатки во Чикаго па своето прво професионално готвачко искуство го стекнала таму.
Така, работејќи во најразлични фабрики за слатки, но и слаткарници низ Чикаго, таа сфатила дека има многу подобра идеја за производство отколку таа на компаниите во кои работела па така решила да започне свој бизнис.
Тоа и се случило кога во 2011 година, Софи ја основала компанијата “Ванила“, којашто денес претставува успешен бренд во Чикаго. Денес компанијата има три продавници на различни локации од градот.
Софи е уникатна и по тоа што рачно ги изработува сите торти и колачиња кои се со специфичен дизајн и креирани со француски техники. За тоа колку е успешна во нејзината работа говорат и многубројните награди со кои таа се закити во последните неколку години.
Нејзината слаткарница ужива навистина голем углед во Чикаго. Туристичките водичи не пропуштаат да им ја препорачаат на своите посетители, и тоа како гурманско катче кое секој мора да го посети.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail