Македонска филхармонија ќе одржи онлајн концерт на „Денови на македонската музика“

Makedonska-filharmonija-kje-odrzi-onlajn-koncert-na-Denovi-na-makedonskata-muzika.jpg

Македонска филхармонија ќе одржи онлајн концерт на „Денови на македонската музика“

Македонската филхармонија во четврток (24.09) со почеток во 20 часот ќе одржи онлајн концерт во рамки на фестивалот „Денови на македонската музика“.

Концертот е насловен „Гравитациски бранови“, а ќе прозвучат дела од Ристо Аврмовски – Lamento per Macedonia, Панде Шахов – циклус за гудачки оркестар „Езера“, Тома Прошев – Темпера 4, Горан Начевски -Aurora Musis Amica Est и Михаило Трандафиловски – циклус за гудачки оркестар „Акварел“. Делата на Шахов и на Трандафиловски ќе ја доживеат својата праизведба. Со оркестарот на Филхармонија ќе диригира маестро Сашо Татарчевски, а како солист ќе настапи Горан Начевски.

Извор: vistina.com.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail