Capture-3-696x526.jpg

Концертот носи наслов „Моја љубов“, а како солисти ќе се претстават македонските истакнати уметници: Огнен Анастасовски, Светлана Јовановска и Надежда Рубен (вокали), Трајче Велков (труба) и Иван Иванов (саксофон).

За Денот на вљубените, на 14 февруари (четврток) во 20 часот, Македонската филхармонија и оваа година подготвува единствен музички настан под диригентската палка  на маестро Борјан Цанев.

Љубителите на добрата музика ќе имаат можност да ги слушнат вечните композиции кои ги испеаја славните грла на Чет Бејкер, Ела Фицџералд и Нина Симон, Стинг или Паоло Конте, филмски теми на култните Енио Мориконе, Нино Рота Крег Армстронг, Геби Верлор  или оние на современите вокалистки и авторки Мишеле Гуревич и Ковач кои во последните години ја стекнаа светската популарност.
За оригиналните оркестрации, специјално направени за овој настан, се погрижи македонскиот врвен композитор Владимир Николов.

Концертот носи наслов „Моја љубов“, а како солисти ќе се претстават македонските истакнати уметници: Огнен Анастасовски, Светлана Јовановска и Надежда Рубен (вокали), Трајче Велков (труба) и Иван Иванов (саксофон).

Музиката ќе биде збогатена со танцот и кореографијата на Ивана Коцевска и Јована Зајкова, како и со уникатен светлосен дизајн.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail