Македонската компанија Навико Шипинг, 11-та на листата на најбрзорастечки компании во Европа

naviko.jpg

Лидерската платформа за претприемачи на глобално ниво Inc.com, позади која стојат најценетите имиња од деловното новинарство, ги претставува основачите, иноваторите и највлијателните луѓе кои го олицетворуваат претприемачкиот дух ширум светот. На оваа софистицирана индустриска платформа се најде името на македонската компанија Навико Шипинг, како една од најбрзорастечките компании во Европа.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Навико Шипинг се најде на 11-тото место на листата на Inc.com за најбрзорастечки приватни компании во Европа, во селекција од 5.000 компании од различни сектори. Навико Шипинг е една од првите приватни компании во Македонија со дејност поморски транспорт. Oснована во 1996-та, таа константно прикажува галопирачки пораст и континуирано проширување на своите услуги.

Клучната стратегија на оваа компанија е да најде начин како најоптимално да ги поврзе извозните и увозните капацитети и побарувања на регионалните компании од Балканот со прекуморските земји и обратно, а воедно и да ги подобри своите дејствија, со цел да ги приспособи оптималните синергии и да додаде вредност на услугите кои им ги нуди на своите клиенти. Соодветствено, асортиманот на услуги кои Навико Шипинг ги нуди денес, претставуваат збир од нивните позитивни идеали и стремежи за напредок од секој аспект.

[Тимот одговорен за успехот на Навико Шипинг]

Оваа компанија е целосно интегрирана, како хоризонтално така и вертикално, во бродскиот и камионскиот транспорт. Навико Шипинг овозможува чување и преземање на контејнери, достапност на опрема за товар и истовар, можност за брзо реализирање на увозот и извозот и намалување на финансиските трошоци на фирмите кои се занимаваат со увоз и извоз на стоки.

Нивната цел е да им помогнат на своите клиенти преку својата посветеност во проширување и развој на своите бизниси вклучувајќи: инволвирање на истите во нови области, истражување на нови бизнис-можности и развивање на веќе постоечки компании на пазарот. Навико Шипинг има исклучителна долгогодишна соработка со најголемите бродски компании во светот, со кои низ годините придонесуваат за подобрување на транспортот и движење на економијата на глобално ниво.

[Раководителот на Навико – Кирил Црвенкоски]

„Голема чест и задоволство е да се биде учесник во ова рангирање а уште поголема чест е што сме во друштво на топ 20 компании односно на 11-тото место во конкуренција на топ 5000 компании од цела Европа од најразлчни сектори. Како македонска компанија ова признание носи голема привилегија и препознавање на нашите успеси и заложби, но воедно и обврска да се одржи ова ниво на успех и стремеж кон поголеми успеси и афирмација дека и Македонските компании се способни и конкурентни како би биле во привилегираното друштво на многуте препознатливи брендови и компании од Западна Европа“, изјави раководителот на компанијата Кирил Црвенкоски.

„Како последно би сакал да нагласам и потенцирам дека овој успех не би бил остварлив да ја немавме лојалноста и професионалноста на нашиот тим на вработени, како и довербата на нашите клиенти и соработници од целиот свет”, додаде Црвенкоски.

Извор: Tочка.мк
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top