Македонски автори застапени во зборникот „Рукописи 40“

makedonski-avtori.jpg

Вкупно 69 автори се селектирани на годинашниот конкурс за „Рукописи 40“ – Зборник на поезија и кратки раскази на младите луѓе од поранешна Југославија. Издавач е Младински центар Панчево. Како и последните неколку години, така и годинава поезијата е позастапена од прозата.

Од Македонија избраните автори се Стефан Марковски, Маријана Јанческа, Михајло Свидерски, Ива Дамјановски, Дарко Димески и Биљана Димко.

Останатите избрани автори се: Јернеј Кустерле, Нина Кремжар, Катја Горечан, Сара Фабјан (Словенија); Томислав Аугустинчиќ, Лана Бојаниќ, Антонио Карловиќ, Лука и Стјепан Делиќ, Вигор Вукотиќ, Моника Херцег, Тино Дежелиќ, Денис Ќосиќ, Горан Чолакхоџиќ (Хрватска). Од Босна и Херцеговина застапени се Емина Осмиќ Хајдаревиќ, Мерима Хандановиќ, Армин Стефановиќ, Енеса Махмин, Никола Микиќ, Никола Рончевиќ, Ѓорѓе Максимовиќ, Урош Бојановиќ, Емина Џелиловиќ, Нермин Делиќ и Младен Топиќ.

Меѓу избраните автори се и Марија Драгниќ, Барбара Делиќ, Јана Радичевиќ, Јована Бојовиќ, Наташа Гудељ (Црна Гора), а од Србија Марија Матиќ, Весна Барзут, Огнен Аксентијевиќ, Дамјан Унчевиќ, Стефан Станојевиќ, Сара Маѓар, Владан Плавшиќ, Сара Спасиќ, Ивана Димитријевиќ, Горан Стамениќ, Снежана Николиќ, Зоран Бар…
Жирито во состав: Јасмина Топиќ (главен уредник), Драган Младеновиќ, Срѓан Гагиќ, Ана Ристовиќ (Словенија) и Звонко Танески (Македонија) ги одбрале авторите во конкуренција од над 1.000 поетски творби и раскази од 395 автори од поранешните југословенски држави.

Промоцијата на 40-то издание на зборникот „Рукописи“ е планирана во рамки на книжевниот фестивал, кој ќе се оддржи од 18 до 21 мај во Белград и Панчево.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail