Petrovac-Bay-Budva-Beach-Montenegro_Depositphotos_200307616_m-2015-1.jpg

Цените за приватно сместување во Црна Гора во јули и август ќе бидат речиси исти како и минатата година, од шест евра дневно во Бар и Улцињ, до 10 евра во Будва. Во понатамошниот тек од сезоната, цената се очекува да биде значително смалена.

Цената за ноќевање со платен доручек во хотел со две ѕвездички ќе биде 15 евра, односно 30 евра во хотел со четири или повеќе ѕвездички. Од аранжманите кои ги има на интернет, може да се издвои примамливата понуда за ножевање со појадок во хотел со луксузи и спа центар во Бечичи која ќе ве чини од 68 евра во претсезона па до 206 евра за двајца во шпицот на сезоната од јули до август.

Зошто Црна Гора да биде ваша дестинација ова лето?
Пред се, имате ексклузивна шанса да уживате во евтини цени.
За македонските граѓани, особено од помладата генерација, Црна Гора е интересна туристичка дестинација каде што се нуди секојдневна и вечерна забава. Како најпопуларна дестинација ја избираме Будва, каде што и во стариот дел на градот, но и во новиот може да уживате во убавата храна и музика.

За оние кои сакаат море и капење, поголемиот дел од плажите на црногорското приморје се урбанизирани. Чадорите за сонце во Рафајловиќи ќе ве чини 1,5 евра, а во Будва вон сезона чадор и две лежалки чинат 5 евра, а во сезона 10. Во Сутоморе, во текот на сезоната за чадор и две лежалки ќе треба да издвоите 8 евра.

Кафето чини 1,5 евра, соковите 1,7 евра и пивото е околу 2 евра. Но, интересна е појавата во голем број на кафулиња покрај плажа каде што пивото во текот на денот има три цени. Така, наутро ќе ви го наплатат 1,5 евра, на ручек по 2 евра, а навечер за 2,5 евра. Но, сладоледот е со иста цена преку целиот ден и чини од 0,7 до 2 евра. Сендвичите се продаваат од 2 до 2,5 евра, сокот е 1,5 евра, а кафето од евро до 1,5 евра.

Уживањето во вода со возење на скутер ќе ве чини околу 30 евра, а помали се цените доколку изнајмите автомобил. За цел ден ќе треба да платите до 20 до 25 евра. Доколку се возите со такси, старт чини едно евро, а секој следен километар е 80 центи.

извор: скопје24

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail